Претставници од Министерството за внатрешни работи беа присутни во просториите Советот на општина Гостивар, каде што одржаа средба со директорката на Секторот за образование при општина Гостивар, Аслиан Снопче и со директорите училиштата.
На средбата се разговараше за безбедноста во основните и средните училишта како и за активностите што треба да ги преземат институциите за да има безбедни училишта.
Општина Гостивар е посветена на максимална безбедност во основните и средните училишта и постојано има средби со институциите на кои се разговара за прашањето за безбедноста во училиштата.
Извор: Општина Гостивар