Во соработка со Фондација „Фридрих Еберт“, го најавуваме новиот Бизнис Форум. Заедно со експерти, претставници од извршната власт, граѓанските организации и бизнис секторот од регионот ќе се разговара на тема: „Иновации, енергија и одржлив развој“.
Бизнис форумот, ќе се одржи во Домот на култура „25 Мај“ – Валандово на 26.04.2023 година (среда), во 12:00 часот, и на истиот ќе се работи по следниве теми:
– Иновации и одржлив развој;
– Нови енергетски трендови;
Локалните и регионалните компании ќе можат да ги отворат прашањата кои го засегаат нивниот бизнис и да дискутираат за предизвиците со кои се соочуваат во време на економска и енергетска криза.
Панелисти на настанот ќе бидат:
– Благој Бочварски – Министер за транспорт и врски;
– Каја Шукова – Министерка за животна средина и просторно планирање;
– Вјеран Пирсиќ – Енергетски експерт и граѓански активист, Р. Хрватска;
– Драган Миновски – професор, универзитет “Гоце Делчев”;
– Ивана Вучкова – Фондација „Фридрих Еберт“;
– Билјана Дуковска – Македонска платформа против сиромаштија;
Ги вмрежуваме институциите и бизнисот, создаваме пракса на директна комуникација и заеднички се справуваме со состојбите.
Извор: Општина Валандово