spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Дел од спортските училишни лиги во Кисела Вода

Карпош: Дел од спортските училишни лиги во Кисела Вода

По повод денови на Општина Кисела Вода деновиве се одржуваат училишни спортски натпревари во кошарка и фудбал за момчиња и одбојка за девојчиња. На овие спортски игри учествуваат тимовите од основните училишта од Карпош, Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.

На денешниот кошаркарски натпревар екипата од Општина Карпош убедливо славеше над основците од Аеродром со резултат 61-30.

Во рамки на спортската сала„Независна Македонија“, карпошани во финалниот меч кој ќе се одигра утре во 13:15 часот силите ќе ги одмерат со победникот од денешниот дуел помеѓу екипите на Гази Баба и Кисела Вода.

Идната недела на  9 и 10 мај, девојчињата ќе ги одиграат одбојкарските натпревари, додека пак на 11 и 12 мај момчињата ќе се сретнат на фудбалскиот терен.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...