spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Стартува Летниот Режим

Охрид: Стартува Летниот Режим

Стартува Летниот режим на сообраќај на територијата на Општина Охрид, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација на улиците каде што е воведено еднонасочно движење на возилата.

 

Оваа година за прв пат е воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“. По оваа улица ќе се одвива еднонасочен сообраќај во правец од пресекот со улица „Гоце Делчев“ кон „Горна Порта“ и од „Горна Порта“ кон улица „Крум Точко“. Едната страна од улицата ќе може да се користи за паркирање на моторни возила согласно предлог мерките и издадената согласност од Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид.

 

Се упатува апел до граѓаните и туристите во целост да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, со цел да се овозможи поголема безбедност во сообраќајот во текот на летната туристичка сезона.

 

Летниот режим на сообраќај ќе трае до 31-ви август 2021 година.

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...