Денес, градоначалникот Дарко Костовски одржа работен состанок со директорите на основните општински училишта и директорката на градинката. На состанокот се разговараше за тековните активности и за претстојната учебна година.
Сите општински основни училишта се подготвени за почетокот на новата училишна година.
Летниот период беше активно искористен за реконструкции и реновирања во училиштата. Се реконструираат и тоалетите во дел од училиштата, како и останато партерно уредување.
Градоначалникот Дарко Костовски ги извести директорите дека за првачињата е обезбедено ранче и училишен прибор. Исто така, во текот на првото тромесечие, на сите ученици ќе им бидат доставени и униформите.