spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Соопштение

МЖСПП: Соопштение

Идентификувајќи ја потребата за ефикасна борба против корупцијата, Министерството за животна средина и просторно планирање креираше низа на приоритетни активности насочени кон унапредување на професионалноста на службените лица и доследно почитување на законската регулатива како и санкционирање на сите форми и облици на коруптивно однесување.

Согласно Годишниот план за спречување на корупција на Министерството за животна средина и просторно планирање со арх. бр. 12-2458/1 од 28.04.2021 година, воспоставена е телефонска линија за пријавување на корупција во институцијата со цел јакнење на довербата на граѓаните.

На следниот телефонски број воедно може да ги упатите и Вашите поплаки, жалби, критики и сугестии кои се однесуваат на работата на Министерството: 02/3251-448,

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...