spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Прва годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“

МФ: Прва годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“

Министерството за финансии на 6 и 7 септември 2021 година во Скопје ја организира Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“ во рамки на „Економски и финансиски форум“

(Skopje Economic Finance Forum). Високи гости од меѓународни финансиски институции, владини претставници од земјата и регионот, експерти, претставници на невладиниот и на бизнис-секторот ќе имаат можност два дена да споделуваат искуства, да разменуваат идеи и да дадат одговори за глобалните и регионалните перспективи на постпандемиското закрепнување и раст.

Конференцијата ќе ја отворат министерот за финансии, Фатмир Бесими и претседателот на Владата, Зоран Заев, по што ќе се одржат две панел-дискусии на коишто високи претставници треба да ги претстават своите видувања на темата, а нивните излагања треба да дадат одговори на клучни прашања – како можат политиките најдобро да го поддржат растот; кои се главните предизвици за одржување на безбедноста во светот што се менува; кои фискални и монетарни мерки им помогнаа на бизнисот и на работните места; како и кои се ризиците од предвременото повлекување на фискалните стимулирачки мерки.

На првата панел-дискусија насловена „Глобални и регионални предизвици и изгледи за опоравување и раст“, свои обраќања ќе имаат Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија, Кејт Мери Брнз, амбасадор на САД во РС Македонија, Ендру Вајт од Оксфордскиот универзитет, заменик-претседателот на Влада, Артан Груби, министерката Радмила Шеќеринска, Мајлинда Брегу, генерален секретар на РСС, како и Хаолианг Ху од УНДП.

На втората панел-дискусија ќе се дебатира на тема „Макроекономските политики и јавните финансии во време на пост-пандемија“, а говорници ќе бидат министерот за финансии, Фатмир Бесими, министрите за финансии на Косово и на Албанија, Хекуран Мурати и Анила Денај, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, регионалниот директор на СБ за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер, Алфред Камер од ММФ и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на РСМ, Тимчо Муцунски.

„Добро владеење и социјална кохезија“ е насловот на третата панел-дискусија, на којашто свое обраќање ќе имаат министрите Спасовски, Маричиќ, вицепремиерот Николовски, како и Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во РС Македонија, амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј и Барбара Колм, заменик-претседател на Австриската централна банка.

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...