spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Изградба на Универзитетски кампус на УМТт

МТВ: Изградба на Универзитетски кампус на УМТт

Почетокот на процедурите за реализација на Универзитетскиот кампус НА умт беше главната тема на состанокот на ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Проф. Д-р Азис Положани со заменик-министерот за транспорт и врски г -дин Беким Реџепи.

На работната средба што се одржа во ректоратот на УМТ, заменик-министерот Реџепи му го потврди на ректорот Положани, одобрувањето на Согласноста од страна на Министерството за транспорт и врски,  што отвора пат за реализација на универзитетскиот кампус на УМТ.

Оваа согласност е долгоочекувана вест за студентите и професорите на УМТ, бидејќи, веднаш по нејзиното одобрување од општините Чаир и Карпош, започнува процедурата предвидена за конкретна реализација на универзитетскиот кампус.

Универзитетот Мајка Тереза ​​во Скопје, рече ректорот Положани се заблагодарува на Министерството за транспорт и врски, и особено на заменик-министерот Беким Реџепи за неговиот секојдневен придонес за добивање на оваа согласност.

УМТ и се заблагодарува на Агенцијата за просторно планирање, на секторите за урбанизам во општините Чаир и Карпош, со кои Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје оствари плодна соработка во заокружувањето на документацијата за соодветното регулирање на просторот и Деталниот урбанистички план на парцелата од 50.000 метри квадратни посветени на Универзитетскиот кампус.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...