spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Одбележувањето на овој јубилеј е дел од исполнувањето на аманетот што...

МНР: Одбележувањето на овој јубилеј е дел од исполнувањето на аманетот што ни го остави Мајка Тереза, светицата од Скопје, светицата на светот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Ватикан, по повод централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза, што за прв пат е во заедничка организација на Министерството за надворешни работи и Светата Столица, ја отвори изложбата „Мајка Тереза – од девојка од Скопје до Светица“.

 

„Денеска, кога ја празнуваме оваа светица, ние се потсетуваме и на нејзиното наследство, на нејзиниот завет. И овој денешен настан, е дел од исполнувањето на заветот. Мајка Тереза е и Нобеловка и светица – може ли да се постигне повеќе во еден кус човечки век?! A секогаш ќе остане Мајка на сиромашните, страдалниците и безнадежните. За многумина, таа беше единствената искра надеж. Со редот на милосрдието, Мајка Тереза спасуваше безбројни животи, враќајќи им ја стрдалниците на човечкото достоинство, будејќи ја, истовремено, секогаш на дремка подготвената совест на Човештвото.  Таа постојано потсетуваше дека светот не е гладен само за леб, туку уште повеќе за љубов, за признавање, за почитување, за топол човечки збор. Со сето тоа, Мајка Тереза си изгради жив споменик, потраен и повеличествен од сите наши споменици“, истакна Османи.

Говорејќи пред присутните гости, за животот и делото на Мајка Тереза, Османи дополни дека младата Гонџа растела опкружена со сета етничка, верска, јазична и културна различност на Скопје, меѓу католичка и православна црква, муслиманска џамија и еврејска синагога. Таа ги имаше прегрнато вредностите на нашиот модел на соживот и почитување и прифаќање на различноста. Затоа, често велела: „Ако не беше Скопје, ќе ме немаше и мене“.  Скопје, со сета своја различност ја имаше подготвено младата Гонџа за големите различности и предизвици што ги сретна во Индија.

„Не случајно нејзиниот портрет стои гордо во мојот кабинет; тој ме потсетува на вредностите што ни ги остави, да научиме да живееме заедно со сите наши, етнички и идеолошки разлики. Верувам дека единствениот вистински начин да ја покажеме нашата почит кон неа е ако го исполнуваме овој нејзин завет“, заклучи Османи.

Министерот Османи, во светло на одбележувањето на овој значаен јубилеј оствари средба и со секретарот за односи со државите на Светата Столица, монсињор Пол Ричард Галагер.

На средбата беше констатирано дека врските меѓу двете земји се цврсто втемелени врз заедничкото споделување важни личности и настани од глобално духовно значење. Соговорниците се согласија дека успешниот развој на билатералните односи меѓу двете земји и честите посети и средби чија круна беше апостолската посета на Папата Франциск пред две години, отвора широки можности за интензивирање на секторската соработка.

Освен за перспективите на меѓусебните релации, министерот Османи и монсињор Галагер разговараа и за проактивната улога на нашата земја во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог како мост за одржлива коегзистенција на верските различности и традиции.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...