spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингУспешно реализиран најголемиот HR настан во државата - 13. Меѓународна MHRA Конференција!

Успешно реализиран најголемиот HR настан во државата – 13. Меѓународна MHRA Конференција!

Македонската асоцијација за човечки ресурси (МΑЧР) на 21 и 22 октомври 2021 година успешно ја организираше својата 13. Меѓународна HR конференција и HR Expo 2021, насловена како “HRise like a PHOENIX- Intertwining humanity and technology” (Човечките ресурси се издгнуваат како феникс: Преплетување на човештвото и технологијата). Конференцијата втора година по ред беше организирана во онлајн формат и во рамките на дводневната програма говорници, панелисти и модератори беа 28 докажани бизнис лидери, професори и практичари од добро-познати компании и организации од земјата, поширокиот регион и цела Европа. Конференцијата беше домаќин на повеќе од двесте учесници – HR професионалци, специјалисти, ентузијасти, но и претставници на бизнис заедницата, институциите и граѓанските организации од земјата и од странство.

Настанот го отворија Фрик Јанмаат- Раководител на секторот за економски работи, владеење на правото и реформа на јавната администрација при Делегацијата на ЕУ во Скопје, Евен Болстад – Претседател на Европската асоцијација за менаџмент со луѓе и претседателот на Македонската асоцијација за човечки ресурси, Дарко Петровски. Гости-говорници на конференцијата беа Ерик ван Вулпен – основач на Академијата за иновации на човечки ресурси АIHR од Холандија, Енди Брит – Постар партнер и лидер за трансформација на таленти на IBM глобалните деловни услуги од Велика Британија, д-р Пол Флин – предавач на Националниот универзитет во Галвеј, Р. Ирска, Марија Попова Мајсторова – Сениор HR менаџер (ЕМЕА) во ADIENT и Менаџер за човечки ресурси на годината од Македонија, Методија Папазовски – ко-основач и потпретседател на EMBS групацијата и член на Бордот на директори на Македонија2025, д-р Андријана Богдановска – директор на Knowledge Management Center од Македонија, проф. Александрос Псикогиос – Професор на Бирмингем Сити Универзитетот и истражувач на Центарот за истражување на Југоисточна Европа од Грција, Орацио Стангерлин – Основач и ЦЕО на Аркадиа Консалтинг од Италија, Ирена Ѓоршев – Менаџер за организациски консалтинг во Вработувaње HR Solutions, Дени Фридман – консултант за развој на лидерство во Aleksander Hughes (Франција).

Во рамките на конференцијата, бевме домаќини на регионален панел со десетина претставници на асоцијации за менаџменет со луѓе од Јужна и Југоисточна Европа, на кој се дискутираше за прашањата кои се од интерес за повеќето земји во овој регион, а воедно и за тоа како менаџерите на компаниите и професионалците за човечки ресурси можат да се справат со предизвиците предизвикани од брзите промени во работната средина во пост-пандемиската ера, но и оние што доаѓаат од претходните слабости на пазарите на трудот во овој дел од Европа. Основа за дискусијата беше извештајот “Creating People Advantage 2021” изготвен од Boston Consulting Group, за приоритетите на организациите во следниот период и каде се наоѓаат земјите од овој регион во споредба со остатокот од Европа и светот, презентиран од страна на г-дин Боб Мортон, претседател на Светската федерација на асоцијации за менаџмент со луѓе и г-ѓа Наташа Бишчан, претставничка на Boston Consulting Group како изготвувачи. На панелот земаа учество Берна Озтиназ (Турција), Филипо Абрамо (Италија), Владимира Сенчар (Хрватска), Александра Фуштиќ (Црна Гора), Георги Парванов (Бугарија) и Милица Костиќ (Србија), а панелот го модерираше претседателот на МАЧР Дарко Петровски.

 

 

Во рамките на конференцијата се организираше и онлајн HR Expo 2021, како и други интересни виртуелни содржини и работилници за личен развој на учесниците.

Подетални информации има на официјалната страна на конференцијата: https://mhraconference.mk/mk/home-slider-3/

Македонска асоцијација за човечки ресурси

 

Извор:  Javnaadministracija.mk

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...