spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Министерот Бектеши и амбасадорот Коп во посета на холандската компанија Еуропеан...

МЕ: Министерот Бектеши и амбасадорот Коп во посета на холандската компанија Еуропеан Плантс

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со амбасадорот на Кралството Холандија во Северна Македонија, Дирк Јан Коп  ја посети холандската компанија Еуропеан Плантс која се наоѓа во село Прељубиште, Тетово.

Оваа компанија која работи на македонскиот пазар од 2007 година е еден од најголемите расадници на декоративни растенија на Балканот која е основана и управувана од жена, што е пример за успешно инвестирање во земјата, во исто време е и странска компанија која успешно работи долги години во Северна Македонија.

“Денеска во рамки на денот на претприемништвото заедно со амбасадорот Коп ја посетивме оваа холандска компанија која 14 години успешно работи на македонскиот пазар која континуирано бележи раст на извозот, раст на бројот на вработени и планови за раст на производството во наредниот период. Министерството за економија препознавајќи го значењето на женското претприемништвото, почнувајќи од 2012 година, веќе десет години по ред реализира Мерка за финансиска поддршка за жени претприемачи.  Во изминатите 10 години преку оваа мерка субвенционирани се вкупно 179 компании во сопственост и управувани од жени со вкупно 17.261.252 денари.  Министерство за економија работи на економско јакнење на жените преку остварување на стратешките цели и имплементација на мерките и активностите предвидени во рамки на Стратегијата за развој на женско претприемништво“ кажа министерот Бектеши и ги повика сите жени во земјата да се охрабрат и да основат сопствен бизнис, а Министерството за економија ќе ги поддржи.

Амбасадорот на Кралството Холандија во Северна Македонија, Дирк Јан Коп истакна дека секоја година во ноември Кралската асоцијација за мали и средни претпријатија на Холандија го слави денот на претприемништво.

„Мојата земја, 80% од добивката ја остварува надвор од своите граници и во оваа компанија Еуропеан Плантс може да видите како тоа се прави. Ова е претприемништво кое што започнала оваа компанија, но има и други работи кои влијаат на нејзината работа. Компанијата вработува нови луѓе и дава поддршка за локалните компании кои се нивни добавувачи“ кажа амбасадорот Коп и додаде дека Северна Македонија има поволни услови за ваков бизнис како што е плодна почва, но и конкурентни услови за бизнисот. Потенцираше дека земјата добро се справи со предизвиците предизвикани од пандемијата, но е и земја која е на пат да стане членка на Европската Унија.

Сопственичката на Еуропеан Плантс, Вилке Роес кажа дека кога во 2007 година започнале да работат имале  14 вработени, сега имаат 160 вработени, најголем дел се од околината. Имаат 350 хектари на кои одгледуваат хортикултурни растенија. Најголем дел од растенијата се за извоз на европските земји пред се за Романија, Полска и Германија, што е 95% од производството, а се 5% пласираат на македонскиот пазар.

“Планот е да продолжиме со инвестициите и растот и развојот на компанијата во наредниот период и да останеме успешна компанија како што сме сега“ кажа Роес.

 

 

 

 

Извор: Министерство за економија 

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...