Игор Гулабоски е новиот вршител на должност директор на ЈКП „Водовод и канализација“ во Прилеп. Инжинер технолог, со над 18 годишно работно искуство во приватна фирма како технолог менаџер.
Гулабоски од денеска 16.11.2021 год. е назначен на оваа функција, од страна на градоначалникот Борче Јовчески. Гулабоски доаѓа на местото на досегашниот директор Емил Јанески, кој минатата недела поднесе оставка од функцијата.
Извор: Општина Прилеп