spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Пакети со храна и хигиенски продукти за социјално-ранливи категории

Ѓорче Петров: Пакети со храна и хигиенски продукти за социјално-ранливи категории

Општина Ѓорче Петров преку донации обезбеди 80 пакети со прехранбени и хигиенски производи кои вчера беа поделени во Центарот за култура на социјално-ранливи категории.

-Празниците се можност да ги израдуваме нашите сограѓани на кои им е неопходна материјална помош. Голема благодарност до компаниите “Тинекс”, “Стокомак”, “Сељ Ис” и “Жито маркети” кои повторно ни излегоа во пресрет и ги обезбедија пакетите.

Последната недела од старата година ја стартувавме со хуманитарен настан – рече градоначалникот Александар Стојкоски кој присуствуваше на настанот.

Еден од нашите приоритети, нагласи, останува социјалата и подобрување на условите за живот на повеќе категории од оваа сфера, а во рамки на нашите ингеренции.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...