spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Целосно обновено осветлувањето на паркингот под Транспортен центар

Град Скопје: Целосно обновено осветлувањето на паркингот под Транспортен центар

Екипи на Град Скопје викендов целосно го обновија осветлувањето на паркингот под Транспортен центар во делот кај поштата, како и осветлувањето на сервисната улица на тој потег. На овој простор, старите и расипани светилки се заменети со 30 нови светилки, од кои 22 на паркингот, а 8 на сервисната улица.

На овој потег осветлувањето не функционираше подолго време, за што имаше и реакции од голем број граѓани. Град Скопје постапува по барањата на граѓаните, а со новото осветлување се зголемува безбедноста на пешаците во овој дел од градот.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...