Тековните состојби во јавниот национален сервис и нивно унапредување, беа во фокусот на разговорите меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и директорот на МРТВ Марјан Цветковски.
На работниот состанок, двајцата соговорници разговараа за продолжување и интензивирање на соработката. Беа разменувани мислења и предлози во однос на реформските процеси, преку кои МРТВ уште повеќе ќе ги промовира своите професионални стандарди.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација