spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаУсогласени сме со безбедносната и надворешната политика на ЕУ

Усогласени сме со безбедносната и надворешната политика на ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, во емисијата Само интервју на Канал 5, се осврна на актуелните политички теми во однос на кризата во Украина, евроинтегративниот процес на државата и преговорите со Република Бугарија.

Вицепремиерот Маричиќ го потврди владиниот став во однос на руско-украинската криза и лично ја осуди руската агресија кон Украина. Исто така тој ја потенцираше и придружбата на Владата кон сетот на мерки кон Русија кој што Европската унија ги воведе по инвазијата.

-Ние сме држава членка на НАТО којашто го почитува територијалниот интегритет на Украина. Се придружуваме како Влада кон сетот на мерки за санкции кон Русија коишто ЕУ ги воведе по инвазијата и во таа смисла целосно сме усогласени со надворешната и безбедносна политика на Унијата. Ќе се координираме и ќе ги следиме наредните чекори коишто Европската Унија ќе ги презема, рече Маричиќ.

Вицепремиерот потврди дека Владата и тој лично поддржува дипломатско решение и што поскоро да прекине огнот, бидејќи тоа ќе биде подобро и за Украина и за Русија а исто така и за светскиот мир.

– Мислам дека е важно да се направи формат на разговори кој што ќе ја прекине војната бидејќи ги знаеме кои се последиците од тоа, дополна вицепремиерот Маричиќ.

На прашањето колку се реални заканите на Русија кон Западен Балкан вицепремиерот Маричиќ нагласи дека и ЕУ, НАТО и САД, треба да се свесни дека Балканот е во една ситуација на чекање и во однос на европските интеграции и во однос на други текови, и затоа се важни иницијативите за регионална соработка, шансата на ЕУ во овој момент е да покаже лидерство и јасна политика за Западен Балкан, затоа што државите од Западен Балкан имаат европска иднина и тоа секако зависи од напорот на реформи, но и од расположението во ЕУ.

Во врска со прашањето со Бугарија вицепремиерот истакна дека точките кои се предмет на дискусија сакаат да се однесуваат во денешен контекст и дека не треба да се вратиме назад.

Ние сме кажале дека македонскиот јазик не треба и не може да биде предмет на преговори и дека за нас освен македонскиот јазик и зачувување на македонскиот идентитет и македонскиот народ ништо друго не може да биде прифатливо. Се обидуваме да најдеме решение и формулации коешто ќе биде еднакво добро и компромисно за сите страни без притоа да се навлегува во нашиот идентитет и јазикот, и за тоа ќе инсистираме до крај. Со Република Бугарија во моментот имаме интензивна комуникација на највисоко ниво, заклучи вицепремиерот за европски прашања Маричиќ.

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...