„Иновативни дигитални општински решенија во општина Тетово“ е проект кофинансиран од Европската Унија со времетраење од 40 месеци и буџет од 616.055,76 евра. Специфичната цел на проектот е да се примени ИКТ решение за подобрување на урбаните услуги и општинските инспектори.
Активностите вклучуваат развој на адаптирана ИКТ платформа и градење капацитети за општинскиот персонал, како и промоција на користењето на ИКТ решенијата од страна на граѓаните и претпријатијата. Согласно член 22 став 1 алинеја 5 од Законот за вработените во јавниот сектор, а во врска со договорот за грант потпишан помеѓу Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и Општина Тетово,како главен барател, Општина Тетово објавува
ЈАВЕН КОНКУРС за вработување на двајца работници за работа во проект на определено време
Извор: Општина Тетово