spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Реконструкција на нисконапонските главни и спратни табли во ООУ „Аврам Писевски“

Карпош: Реконструкција на нисконапонските главни и спратни табли во ООУ „Аврам Писевски“

Во рамки на континуираните активности кои се одвиваат веќе 10 години во сите училишта и детски градинки во општина Карпош,  деновиве започна реконструкција на нисконапонските главни и спратни табли во ООУ „Аврам Писевски“.

Целта на овој зафат е да се заменат сите стари топлински осигурувачи со нови автоматски заштитни осигурувачи, да се заменат собирниците и сите дотраени елементи во таблите како и да се стави дополнителна заштита преку „фид“ склопки за сите штекери по училниците и работните простории.

Со реконструкција дополнително ќе се прераспредели фазното оптоварување по приклучоците и ќе се стават еднополни шеми со означени потрошувачи по изводите. Со оваа иницијатива се подигнува безбедноста на електричниот развод на потребното ниво за објектот, особено за неговите корисници – учениците и наставниот кадар. Активноста опфаќа и мерење на реконструкција на заштитно заземјување на таблите и разводот.

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...