spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНеопходна е ревизија на моделот за спортските ваучери и поголема отчетност при...

Неопходна е ревизија на моделот за спортските ваучери и поголема отчетност при користење на јавните средства во спортот

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт имаше работна средба со директорот Наумче Мојсовски, на која се разговараше за потребата од сеопфатна анализа на законската регулатива во спортот и креирање на политики за добро владеење кои ќе ја зголемат транспарентност при носењето на одлуките во спортските клубови и федерации и отчетност при користење на јавните средства.

На состанокот вицепремиерката Грковска истакна дека е неопходна ревизија на моделот за примената на спортските ваучери. Беа разгледани надлежностите на Агенцијата за млади и спорт, но и на спортските федерации при распределбата на финансиските средства на клубовите и спортистите. Грковска на состанокот ја нагласи потребата од задолжителна транспарентност и отчетност при користење на јавните средства.

Директорот Наумче Мојсовски на состанокот истакна дека е потребно да се зајакнат инспекциските капацитети на Агенцијата, со цел да се зголеми надзорот врз спортските организации. Досегашната пракса покажува дека дел од спортските субјекти не работат транспарентно и отчетно, а тоа негативно се одразува на легитимитетот и кредибилитетот на спортскиот дух.
На состанокот беше отворено прашањето и за најавената реорганизација на органите на државната управа.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...