spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингТоп 3 превозни средства кои можеш да ги купиш ова лето

Топ 3 превозни средства кои можеш да ги купиш ова лето

Кое превозно средство би го одбрале на почеток на новата летна сезона? Ако не сте сигурни, IutePay ги предлага следните:

  • Велосипед – Возењето велосипед е одличен начин за подобрување на целокупното здравје и одржување на добра кондиција и физичка спремност на телото. Додека возите велосипед изложени сте на сончеви зраци, а со тоа придонесувате да ви се подобри расположението во денот и да ги надополните резервите на Д витамин во телото. Исто така, возењето велосипед заедно со семејството е забавна физичка активност. Сè што ви треба се добри велосипеди, заштитна опрема, кациги и добра волја. Заедничките мигови и дружбата во природа ќе придонесат да им пренесете здрави животни навики на вашите најмали.
  • Електричен тротинет – Електричниот тротинет во последниве години стана модерно градско превозно средство како за младите така и за возрасните. Многу е едноставно за управување и претставува одлична алтернатива споредено со други превозни средства, пред се поради неговата преносливост бидејќи е идеален за комбинација со јавен превоз и за кратки релации од дома до работа. Заштедува пари за превоз, еко – пријателски е и овозможува брзо пристигнување на посакуваната дестинација во денот при тоа избегнувајќи го градскиот метеж по улиците. При купувањето на тротинет, внимавајте на важноста на гаранцијата и достапноста на резервните делови.
  • Скутер – Возењето на скутер е забава, брзина, чувство на слобода! Возењето може да биде одлична активност, но само за похрабрите и поискусните. Која опрема е потребна за безбедно возење? Заштитна кацига, квалитени гуми, јакна и панталони со протектори, високи патики за на мотор … и авантуристички дух.

Купувањето на било кое превозно средство може да биде многу лесно и едноставно. Само побарајте го знакот на IutePay на означените продажните места.

Доволно е само да се одбере најпогодната опција на плаќање која најмногу ви одговара при изборот на превозното средство, па според тоа може да се одлучите за опцијата IutePay Smart со 0% трошоци и плаќање на 4, на 6 или на 12 рати. Доколку сакате да купувате на подолг рок  дури до 36 рати и да отплатувате ниска месечна рата, тогаш одберете ја опцијата IutePay Flexi .

Постојат само 3 едноставни чекори за да се купува со услугата IutePay:

  • Изберете го превозното средство кое сакате да го купите
  • Потпишете директно преку апликацијата MyIute која може да биде достапна на мобилен телефон
  • Купете сега, а платете подоцна.

Станете и Вие дел од IutePay  – Паметен шопинг за паметни купувачи!

Погледајте ги понудите од нашите партнери на социјалните мрежи и одберете:

https://www.facebook.com/IutePayMacedonia

https://www.instagram.com/iutepay.macedonia/

 

 

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...