spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингЕСП Скопје: Вештини на преговарање

ЕСП Скопје: Вештини на преговарање

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување вештини на преговарање преку користење соодветни алатки и техники. По завршување на обуката, учесниците ќе можат: да употребуваат преговарачки техники и алатки; да ги идентификуваат и да ги дефинираат фазите на преговарање; самостојно да се подготват и да извршат истражување пред претстојно преговарање; да употребат различни стилови на преговарање; да употребат клучни стратегии за успешно преговарање; да постават правила кои водат до ефективни преговори; да употребат поинакви пристапи при преговарање; да создадат ситуација во која секоја страна е добитник; да развиваат сценарија за постигнување договор и друго.

Опфат – теми

  • Што е преговарање – дефинирање
  • Клучни вештини при преговарање
  • Видови преговори
  • Фази на преговарање
  • Подготовка и истражување за претстојни преговори
  • Матрица на преговарање
  • Процес на преговарање: алатки, техники и тактики
  • Дебата – размена на информации
  • Пазарење, стилови на пазарење, креативно пазарење
  • Употреба на клучни стратегии за успешно преговарање
  • BATNA, WATNA, WAP, ZOPA
  • Бариери при преговарање
  • Поставување правила кои водат до ефективни преговори
  • Употреба на поинакви пристапи кон преговори
  • Како да одговориме на предизвик при преговарање
  • Креирање win-win („и волкот сит, и овците на број“) ситуација
  • Што да се избегнува при преговарање
  • Комуникација (вербална и невербална) при преговори
  • Стилови при преговарање
  • Развивање сценарио за постигнување договор
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за сите учесници кои сакаат да стекнат и/или да ги подобрат своите вештини на преговарање.

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер, со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...