spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Ерион Велиај со највисоки почести го пречека градоначалникот Костадинов во главниот...

Струмица: Ерион Велиај со највисоки почести го пречека градоначалникот Костадинов во главниот град на Албанија, Тирана

Во рамките на посетата на регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“ (Secure. Green. Smart City Solutions: Risk & Opportunities for Western Balkans), градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов оствари формална средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, каде, како гостин на градот Тирана беше пречекан со највисоки почести.

Во рамките на едночасовниот разговор, двајцата градоначалници меѓусебно се запознаа со реализацијата на програмите и плановите за управување со Општините и разменија искуства од тековната работа. Во таа смисла, градоначалникот Костадинов од Тиранскиот градоначалник доби недвосмислена и безрезервна поддршка во работата и напорите кои ги вложува за град Струмица со конкретна иницијатива за споделување на добрите практики кои во изминатите години се реализираат во Тирана и даваат суштински резултати за граѓаните.

Официјалната средба продолжи во поширок формат со присуство на Арбјан Мазнику заменик градоначалник на Тирана и г-дин Ѓоко Ристовски, раководител на Одделението за меѓународна соработка и европски фондови во општина Струмица каде на округла маса се дискутираше за конкретните планови на двете Општини поврзани со актуелни теми за третман на енергијата и модели за изнаоѓање соодветни решенија.

 

 

 

Извор: Општина Струмица 

Прочитајте

Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, испрати телеграма со...