spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Носител на активностите за креирање на стратешкиот докумет – “Националната стратегија...

АМС: Носител на активностите за креирање на стратешкиот докумет – “Националната стратегија за млади”

Агенцијата за млади и спорт , низ инклузивен  и транспарентен процес заедно со младите, институционалните претставници – службениците за млади, младинските здруженија и здруженијата за млади, чадор организациите, како и на претставничките форми на младите на локално ниво, односно на локалните младински совети како претставници на локалните млади, ќе ги дефинира стратешките приоритети  во овие тематски области:

 

1. Младинско учество

2. Младинско информирање

3. Младинска работа

4. Образование

5. Култура

6. Здравје

7. Претприемништво и поддршка пред вработување

8. Безбедност

Водечки принципи кој ќе се применат во сите политики и активности кои се однесуваат на младите се:  Еднаквост и недискриминација, Учество и Хоризонтален пристап.

По тој повод, Агенцијата за млади и спорт организираше конференција, каде покрај директорот Наумче Мојсовски, свои излагања имаа и шефот на мисијата на ОБСЕ,  Амбасадорот Клеменс Која, и господин Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.

Агенцијата за млади и спорт, како институција одговорна за психофизичкиот развој на младите и младинското организирање, како и за политиките за млади во нашата држава, вложува огромни напори во воспоставувањето на младинската инфраструктура како и овозможување на услови за секој млад човек да може да се вклучи во процесите на носење на одлуки, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски на стартот на конференцијата наменета за креирање на  “Националната стратегија за млади”.

Тој додаде дека Владата покажа дека има демократски капацитет, остава и креира простор за младите и  нивниот глас да допре  до институциите како една конкретна мерка, активност и реформа која ќе ја унапреди положбата на младиот човек и неговиот стандард.

Денес младите учествуваат во креирањето и спроведувањето на политки кои директно ги засегаат преку еднакви шанси, слобода на изразување, зголемување на квалитетот на живот, повеќе и поквалитентни работни места и со тоа продолжуваме да креираме услови за да ги задржиме младите тука. Формиран е Совет за млади во рамки на Агенцијата за млади и спорт.

Денеска може гордо да кажеме дека после 30 години, конечно имаме “Закон за младинско учество и младински политики” со што за прв пат се дава дефиниција што е млад човек, што е младинска работа, што е младинско учество и што се младински работници, се обрвзуваме на развој на младинска инфраструктура, политики за млади, службеници за млади, регистар на младинско организирање, истражувачки центар, гарантиран буџет, истакна Мојсовски.

Успешно се имплементира Младинската гаранција, како единствена држава што не е членка на ЕУ, преку која се зголемува опфатот и вклучувањето на младите невработени лица на пазарот на трудот.

Младите имаат можност да се стекнат со практична работа во компаниите во траење од шест месеци и за истата да бидат платени, а работодавачите да препознаат квалитети кадри коишто трајно ќе ги вработат.

-За прв пат се распишуваат јавни повици за поддршка на младински организации, а она што е најважно – се вложува во младинска инфраструктура. Се отвараат младински центри и истите ќе бидат ставени во функција на младите и граѓаните од градовите.

Се Воведе субвенциониран студентски оброк, преку што се обезбедуваат 2400 денари за секој студент на државни и приватни универзитети каде директно студентите добиваат средства преку мобилна апликација или картичка, со што се овозможи здрав оброк за секој студент

Владата презема и дополнителни мерки, како што се:

1. Поврат на персоналниот данок на доход за сите нововработени под 30 години, во првите две години при што сретствата ќе се враќаат директно на нивна сметка

2. Ослободување од плаќање данок на сите новосоздадени приватни претпријатија, формирани од млади до 30 години или жени, се додека прометот е под 3 милиони денари

3. Засилена практична настава во средните стручни училишта, преку модели на соработка со сојузите на стопански комори и локалната самоуправа, како и младински натпревари за претприемништво

4. Соработка на т.н. triple helix, при што универзитетите, бизнис заедницата и Владата заедно да ги подготвуваат наставните програми, кои ќе бидат вистински одговор на потребите и барањата на пазарот на трудот

5. Закон за поддршка на социјално претприемништво, со фокус на младите и жените,

6. Отварање на можноста редовните студенти да стапат во редовен работен однос, определен број часови – опција која им е на располагање на студентите во најголем број европски земји.

Покрај сето ова Агенцијата за млади и спорт е дел од РИКО, со својата финансиска подршка и учество од скоро 9 000 000 денари на име на учество на државата во вкупниот буџет на РИКО, како и преку обезбедување на соодветен простор и услови за функционирање на локалната канцеларија на РИКО.

Преку активностите на РИКО се реализираат и стратешките приоритети на АМС и на државата како на локално, така и на државно и регионално ниво, посебно преку зближување на младите  од регионот.

-Во сите овие активности, од огромно значење е поддршката на  нашите партнери, нашите подржувачи во овој процес на креирање на најбитниот стратешки документ за младите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на УНДП , на УНФПА .

Посебна благодарност за вклученоста на младите , претставниците на младинските организации како и на представниците на органите на државните органи.

Се надевам дека и медиумите ќе одвојат доволно простор за информирање за текот на процесот за креирање на Националната стратегија за млади, додаде Мојсовски.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...