spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаГрадоначалникот Јовчески - Сите вработени без разлика во кој мандат се...

Градоначалникот Јовчески – Сите вработени без разлика во кој мандат се вработени, да ги извршуваат своите задачи и одговорно да се однесуваат, ние сме тука да им служиме на нашите сограѓани

1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Прилеп ?
Се планираат и се работи на внатрешните реформи, врз основа на новата веќе подготвена функционална анализа, се со цел подостапна и отворена општинска администрација за побрзо решавање на барањата од граѓаните.
2. Што се предвидува и следува со Колективниот договор во општина Прилеп, какви идеи и проекти имате за подобрување на работните услови за вработени?
Во декември месец 2021 година за прв пат во ЕЛС Прилеп е потпишан колективен договор на ниво на Синдикална организација и ЕЛС Прилеп, Синдикат на УПОС и работодавач т.е Градоначалник на Општина Прилеп. Колективниот договор во нацрт и предлог форма, беше доставен до сите вработени во ЕЛС Прилеп и до сите советнички групи односно Советници во Советот на Општина Прилеп. Вработените немаа никакви забелешки на предлог колективниот договор, а исто така и Советот кој подоцна едногласно му препорача на Градоначалникот да го потпиши. Во колективниот договор се унапредија работничките права во неколку области (редовна исплата на регрес за К-15 секоја година, воведување на 13-та плата, усогласување на минималната плата за сите вработени, воведување на јубилејна награда и регулирање надоместоци по основ на дополнителни работи и работни задачи и платени придонеси за истите…)
3. Дали ќе воведете Награда за Најдобар административен службеник и Најдобар млад административен службеник во тековната година?

 

 

Нема воведено. Тоа го регулира Законот врз база на оценување на административни службеници.

4. Како и дали треба да се направи реорганизација во општина Прилеп, кои се вашите мерки и идеи?
Да, во тек е подготовка на нова внатрешна функционална анализа.

 

5. Дали и на кој начин ќе ја поттикнете спортската и хуманата страна на вработените во општина Прилеп?

Општина Прилеп важи за хумана општина. Вработените заедно со мене како градоначалник и Советот на Општина Прилеп во повеќе наврати го покажавме тоа. Општината заедно со општествено одговорните компании како и граѓаните беа дел од хуманитарната помош која беше собрана за настраданите семејства од земјотресот во Турција и Сирија, секоја година се обезбедуваат средства во Буџетот на општината за еднократна парична помош на болни и изнемоштени лица, лица погодени од елементарни непогоди. Редовно учествува во хуманитарни акции со цел, сите заедно да придонесеме за подигнување на свеста за потребната меѓусебна поддршка и помош на ранливите групи, организира крводарителски акции и хепенинзи. Голема е поддршката и на домот за стари и изнемоштени лица “Киро Крстески- Платник“, како и на занаетчиите во старата прилепска чаршија. Исто така активно е вклучена во поддршка на спортот и спортските настани. Само еднен мал пример е традиционалниот Светиниколски турнир во фудбал каде учество земаа и екипи предводени од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп, турнир во баскет организиран по повод празникот 23-ти Октомври, Меморијалниот меѓународен турнир во пинг-понг Илија Карески-Каре Прилеп 2023 во кои земаа учество и вработените во Општина Прилеп.
6. Кои се вашите клучни проекти што ги направивте во досегашниот мандат како градоначалник ?
Во првата година од мандатот беше реализирана комплетна реконструкција на пешачката улица Борка Талески на потегот од споменикот „Пеце Атанасоски“ до ООУ „Кочо Рацин“ кој што е составен дел од плоштадот Методија Андонов-Ченто. Вкупната поплочена површина е 3500м2 во должина од 250м. Исто така беше доизградена детската градинка во населбата Точила со капацитет за 250 деца, нешто што беше дел од предизборните ветувања. Од јануари 2022 година започнавме за прв пат со реализација на ветениот проект „Еднократна финансиска помош за секое новородено дете во општина Прилеп во висина од 6000 денари. Работевме и во делот на патната инфраструктура, локалниот економски развој, културата и заедно со Јавните комунални претпријатија сработивме доста проекти во делот на водоводната мрежа, чистењето на дивите депонии и одржување и градење на нови зелени и парковски површини. Со оглед на затекнатите обврски и долгови со преземањето на мандатот за исплата во висина од 5 милиони евра и енергетската криза со која се соочуваме, можиме со сигурност да кажиме дека успешно успеавме да ја изменаџираме 2022 година и продолжуваме со засилено темпо во периодот кој што следи.
7. Дали ќе имате партиски реваншизам и отпуштање на административните службеници и вработените во општина Прилеп по основ на политичка партија и на кој начин ќе гарантирате дека нема да се случи?
Во никој случај не смее да постои такво нешто, таканаречен „партиски реваншизам“, затоа што административните службеници вработени тука во Општина Прилеп, си имаат сите свои задачи и одговорности. Единствено што очекувам од сите вработени без разлика во кој мандат се вработени, да си ги извршуваат своите задачи и одговорно да се однесуваат на своите работни места затоа што сите ние сме тука да им служиме на нашите сограѓани.
8. Дали ќе им дадете вистинското значење, дејствување и положба на синдикатот во општина Прилеп за унапредување и заштита на работничките права?
Да, и во изминатата година се почитувани работничките права на вработените во ЕЛС Прилеп, а сигурни сме дека и оваа година ќе бидат практикувани позитивните законски прописи во интерес на унапредување на работничките права. За таа цел на месечно ниво се одржуваат состаноци односно се води социјален дијалог во Општина Прилеп.
9. Дали ќе овозможите едукација и усовршување на административните службеници и вработените во Општина Прилеп преку размена на проекти програми и семинари и доколку е ДА на кој начин?
Дефинитивно, факт е дека континуирано водиме грижа и им овозможуваме на вработените да посетуваат, семинари, работилници, обуки, форуми, во зависност од темата и намената нормално се праќаат соодветните административни службеници.
10. Колку капитални проекти предвидувате, колку домашни и странски инвестиции ќе донесете и колку нови работни места ќе отворите во општина Прилеп ?
Локалната самоуправа на Општина Прилеп континуирано работи на подобрување на бизнис климата во нашиот град, преку редовни состаноци на обновениот Економски совет на општина Прилеп,преку подобрување на патната инфраструктура во индустриските зони, остварување на билатерални средби со голем број на амбасади и се со цел да оствариме дополнителни инвестиции во нашиот град и се разбира отворање на нови работни места. Во делот на капитални проекти, во наредниов период очекуваме да започниме со градежната офанзива. Започнуваме со асфалтирање и рехабилитација на над 50 улици во општина Прилеп, нови катни гаражи на две локации во центарот на градот. – Изградба на кружен тек на крстосување на улиците „11 Октомври“, „Кеј 1-ви мај“ и „Кеј 9-ти септември“ со мостовска конструкција на градската река. – Реализација на прва фаза на улицата ‚‚Орде Чопела“ согласно со ГУП, со цел да се зголеми безбедноста во сообрајќајот како и пропусната моќ на улицата, со што ќе се овозможи непречено и безбедно одвивање на сообрајќајот на моторните возила, на пешаците и на велосипедистите.
– Изградба на улица „Победа“ со целокупна инфраструктура и мост над
Градска река со цел: Пробивање на улица во должина од 900 метри со целосно инфраструктурно уредување. Исто така имаме и многу други проекти кои што ќе се реализираат во текот на нашиот мандат и дефинитивно ќе го вратиме Прилеп на вистинскиот пат, како развиена и напредна општина со квалитетен и достоинствен живот за сите граѓани.

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...