spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаКовачевски за „360 степени“: Дијалогот треба да продолжи, сите барања на најголемата...

Ковачевски за „360 степени“: Дијалогот треба да продолжи, сите барања на најголемата опозициска партија беа прифатени

„Дијалогот треба да продолжи, предлозите на опозицијата на лидерската средба беа прифатени“, порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, вечерва, во интервју за емисијата „360 степени” на ТВ Алсат.

„Ние ќе мора да влеземе во процес на дефинирање на рокови и тоа не само СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Дали вие ја гледавте прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, дали таму беше кажано дека опозицијата која што велеше дека никогаш нема да дозволи да се промени Уставот да кажат дека -да се согласуваме. Директно беше кажано. Дали се кажа дека ВМРО-ДПМНЕ сака да биде дел од власта, да се кажа“.

Премиерот додаде дека со прифаќањето на условот на ВМРО-ДПМНЕ во Владата да не учествува ДУИ, сите барања на опозицијата во текот на целиот изминат период се исполнети.

„Подготвеноста од другата страна дојде од мене и од ДУИ исто така дека го прифаќаат тоа. Сега се работи за модалитети, рокови, начини на спроведување“, изјави премиерот Ковачевски во интервју за „360 степени“, кој додаде дека ќе ги информира партиските тела за заклучоците од средбата.

Лидерската средба, како што рече премиерот Ковачевски, покажала дека има дијаметрално променето мислење на партијата ВМРО – ДПМНЕ, искажано преку јавната изјава на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, на самата прес–конференција, што дава нова динамика на политичката сцена во државата.

„Сметам дека СДСМ како партија која секогаш ги водела овие евроинтеграции дека ќе има мудрост и Извршниот одбор и Централниот одбор да донесе заклучоци со кои заклучоци ќе се отвори простор за понатамошни разговори со ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии за да она што беше јавно искажано, практично договорено после таа лидерска средба да започне со неговата имплементација за Северна Македонија непречено да го продолжи својот пат во евроинтеграциите“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот најави дека иницијативата за уставни измени ќе биде разгледана на наредните седници на Владата и веднаш потоа ќе биде испратена до Собранието  и до претседателот на Собранието, со што ќе почне процедурата во Собранието.

„Северна Македонија нема време за губење: Видовме како изгледаше неносење на одлуки 10 години, видовме како изгледаше покривањето во 2008 година. И јас би рекол добар компромис со Грција и после години и години со цела декада практично, а имаше договор кој беше полош од тој што беше понуден 2008 година.

„Јас се надевам и сум убеден дека пратениците во Собранието на Северна Македонија без разлика од која политичка партија доаѓаат, без разлика дали се од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса итн. дека лично пратениците нема да дозволат таа грешка да се повтори, бидејќи сега е моментот кога има отворен прозорец за влез во ЕУ“, порача премиерот Ковачевски во интервјуто за „360 степени“.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...