spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингЦелосна стипендија за постдипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ

Целосна стипендија за постдипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ

Водејќи се од своите компаниски вредности за општествена одговорност и грижа за идните генерации, ИутеКредит Македонија во соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје, и оваа година доделува целосна стипендија за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки, насока Финансии и Банкарство (ACBSP акредитирана).

Во ИутеКредит Македонија веруваме дека квалитетното образование отвора огромен број можности за професионална реализација на младите луѓе и затоа би сакале да овозможиме и оваа година наш стипендист да биде дел од Универзитетот Американ Колеџ.

За академската 2022 година ИутеКредит обезбедува стипендија за постдипломски студии на Факултетот деловна економија и организациони науки, насока Финансии и Банкарство. Оваа насока има интернационална ACBSP акредитација.

Конкурсот за стипендија ќе биде отворен од 14.10.2021 год. до 15.11.2021 год. Изборот на студентот кому ќе му биде доделена стипендијата ќе биде направен врз основа на претходниот успех на студентот (просек 8), како и квалитетот на изработениот краток есеј на тема: The impact of new technologies in finance and banking (есејот треба да биде напишан на англиски јазик).

Испратете ги Вашето CV, мотивационо писмоуверенија и краткиот есеј на следниот мејл: marketing@iutecredit.mk.

 

 

 

 

 

Извор: ИутеКредит

Прочитајте

Кичево: Известување

0
Почитувани граѓани, Со одлука на градоначалникот на општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари, ја имаме честа преку овој допис официјално да ве информираме дека од понеделник...