Се известуваат сите заинтересирани родители чии деца имаат проблеми во говор и јазик и имаат потреба од логопедски вежби можат да закажат термин за логопедски третмани секој ден после 16 часот на телефонскиот број 075-389-555.
Логопедските третмани ќе се извршуваат во месеците јуни и јули и тоа вторник во Пробиштип и четврток во Злетово од 16:00 часот до 20:00 часот во ООУ„Браќа Миладиновци “ и ПУ Кирил и Методиј“ Злетово од страна на логопедот Татјана Љапова.
Оваа активност ја реализира општина Пробиштип согласно постоечките протоколи за работа со деца поради состојбата со корона вирусот, предвидена во програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2021 година.
Извор: Општина Пробиштип