spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Учество на министерот Нуредини на регионалната работилница за јаглеродно оданочување

МЖСПП: Учество на министерот Нуредини на регионалната работилница за јаглеродно оданочување

Вчера министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се обрати на регионалната работилница за јаглеродно оданочување, во рамките на регионалниот проект Транзиција кон ниски емисии и климатски отпорна економија во Западен Балкан и Турција , која се одржува во Скопје.

Работилницата имаше за цел да овозможи размена на искуства, потреби и можности за спроведување на цените на јаглеродот во Западен Балкан и Турција, со фокус на регионален пристап кон избраните елементи.

Темите што треба да се истражат вклучуваат:

• Воведување регионален данок на јаглерод, во рамки на можната имплементација на јаглеродниот граничен механизам за прилагодување (CBAM) во ЕУ и во правец на учество во системот за тргување со емисии на ЕУ (ЕУ ЕТС)

• Размена на научени лекции, алатки и понатамошен материјал за насоки во спроведување на цените на јаглеродот

• Можности за споделување на дел од инфраструктурата за цените на јаглеродот.

Организаторите информираа дека во план е работилница на високо ниво, со учество и на министрите одговорни за финансии во регионот. Проектот е финасиски поддржан од ЕУ.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

АМС: Поддршка на младинското учество во развивање на ефективни младински политики...

0
Поддршката на младинското учество во развивањето на ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување на подобар живот на...