spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Исаки - Јанјалија

МНР: Средба Исаки – Јанјалија

На 7. септември 2022 година во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки и заменик министерот за надворешни работи на Грузија, Теимураз Јанјалија.

 

На средбата беа споделени искуствата на двете земји во насока на нивниот евро-атлантски интегративен процес, реформирањето на земјите и позитивното влијание од истите. Истовремено беа дискутирани и начините за продлабочување на билатералната соработка во тој контекст, посочувајќи заменик министерката Исаки дека “Ние сме подготвени да ја интензивираме соработката и да ги споделиме искуствата во еден поширок контекст на прашања поврзани со Европската интеграција на земјите“.

Во таа насока, Исаки ја поздрави одлуката на Европскиот Совет за доделување на кандидатски статус на Украина и Молдавија и отворање на Европската перспектива на Грузија, при што го изрази интересот за споделување на македонските искуства од евроинтегративните процеси и интензивирање на соработката помеѓу двете земји.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...