spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМТСП: Започна ГРЕВИО евалуациската посета на Република Северна Македонија

МТСП: Започна ГРЕВИО евалуациската посета на Република Северна Македонија

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска  присуствуваше на ГРЕВИО првата евалуциска посета на Република Северна Македонија која се одржа во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање. На средбата присуствуваа претставници од Советот на Европа, ГРЕВИО, Министерството за труд и социјална политика и од Агенцијата за аудио, аудио-визуелни медиумски услуги. Од страна на претставниците на независното експертското тело при советот на Европа за имплементација на Истанбулската конвенција беа поставувани прашања со цел подобро согледување на напредокот на нашата држава во однос на родово базираното насилство.

 

Прашањата насочени кон претставниците на институциите беа во насока на превенција и поголема заштита од насилство, подигање на јавната свест за насилството врз жените и семејното насилство, пријавување на силување, мултиагенциска соработка, финансиски ресурси како и родово сензитивното креирање на политики.

„Со цел соодветен одговор на насилството врз жените и семејното насилство во 2017 година како држава ја ратификувавме Истанбулската конвенција. Започна изработката на Акциски план и ги усогласивме законските регулативи согласно конвенцијата. Во 2018 година донесовме закон за ратификација на конвенцијата. Иако КОВИД кризата ги забави сите процеси во 2021 година донесен е Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Во моментот интензивно работиме на неговата имплементација во соработка со другите институции“, рече Тренчевска.

Претставниците од Министерството за труд и социјална политика ги објаснија сите заложби и преземени мерки од страна на институциите задржувајќи се на подигањето на свеста на населението во однос на семејното насилство и родово – базираното насилство.

Препораките и коментарите од посетата ќе бидат дополнително доставени од страна на експертското тело со што институциите ќе добијат соодветни насоки за унапредување и успешна имплементација на Истанбулската конвенција.

Министерката Тренчевска им посака успешна работна недела на присутните и плодна соработка на претставниците на сите релевантни фактори.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....