spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаКовачевски за „360 степени“: Добро е што опозицијата поддржува уставни измени, потребно...

Ковачевски за „360 степени“: Добро е што опозицијата поддржува уставни измени, потребно е широко обединување за интеграција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју за емисијата „360 степени” на ТВ Алсат, зборуваше за исходот од средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и за други актуелни теми во однос на евроинтеграцискиот процес на државава. Премиерот Ковачевски, во интервјуто посочи дека добро е што опозицијата ги поддржува уставни измени и дека е потребно широко обединување што е важно за забрзување на евроинтеграцискиот процес на државата.

„Сите можевме да се увериме дека после средбата во изјава дадена за медиумите која што сите можеа да ја проследат, ВМРО–ДПМНЕ го промени својот став и поддржува уставни измени кои што уставни измени значат вклучување на други народи во Преамбулата на нашиот Устав, вклучително и на делови од бугарскиот народ. И тоа е промена на позицијата која што ВМРО–ДПМНЕ ја имаше“, изјави премиерот Ковачевски.

При тоа, премиерот Ковачевски посочи дека овој период не е борба за власт, туку период кога треба да се донесат вистинските одлуки за подобар живот на граѓаните.

„Гледајќи го дискурсот којшто го имаше ВМРО–ДПМНЕ сфатив дека тие сакаат да бидат дел од власта, дел од процесот и сметам дека треба да се понуди едно широко обединување на македонската политичка сцена бидејќи овој процес на евроинтеграции е широк, општествен процес, на целото општество, за сите граѓани. И затоа понудив ВМРО–ДПМНЕ да биде дел од Владата, прво да го отвориме Уставот со 2/3 сите заедно, ВМРО–ДПМНЕ да влезе во Владата и тоа 50% од министерските места кои што ги има СДСМ да ги отстапи на ВМРО – ДПМНЕ, сметаме дека тоа е најфер, братски, пола – пола, за да може да види народот дека се работи за искрена намера бидејќи јас сум кажал многу пати, ова не е борба за власт, ова не е борба за политички поени, ова не е борба за рејтинг до избори, туку ова е практично, работа за носење на одлука која што ќе овозможи Северна Македонија да го продолжи својот европски пат и до 2030 година да станеме земја членка на ЕУ“, порача премиерот Ковачевски.

Во интервјуто, премиерот Ковачевски, посочи дека веќе не постои обвинувањето и реториката на ВМРО-ДПМНЕ дека се прави бугаризација, асимилација, дека се нарушува идентитетот на македонскиот народ со внесувањето на деловите од бугарскиот народ во Преамбулата на нашиот Устав.

„Како заклучок од се она што го слушнавме на пресот после лидерската средба е дека имаме заштитен македонски јазик, заштитен македонски идентитет, потврден со договорот ФРОНТЕКС, преку сите јавни изјави. Целиот скрининг процес се одвива на македонски јазик и се преведува на македонски јазик. Имаме потврда од Европскиот совет, имаме веќе подготовка на потврди од најголемите земји членки на ЕУ. Имаме поддршка од сите стратешки партнери, јасно искажана, вклучително и САД, дека сега е моментот за продолжување на европскиот пат на државата, со оглед на геополитичкиот момент во Европа и светот и затоа овој процес на разговори со ВМРО–ДПМНЕ, на основа на она што беше кажано и на основа на се она што беше прифатено и од ВМРО–ДПМНЕ и од промената на нивниот став, тие немаат против влегувањето на деловите од бугарскиот народ во Уставот, заедно со други народи, нормално, и прифаќањето од страна на СДСМ и ДУИ да ги исполни барањата на ВМРО–ДПМНЕ и на нивниот претседател, да имаме една Влада во која што сите ќе учествуваат. Значи, прво да се донесат уставните измени, ВМРО–ДПМНЕ влегува во Владата, таа Влада го довршува процесот на скринингот, таа Влада ги отвора поглавјата и јас сум убеден дека  може да затвори едно до две поглавја од првиот кластер фундаменталс. Таа Влада ќе ги продолжи наредните избори и после тоа граѓаните да го кажат своето“, изјави премиерот Ковачевски во интервјуто за „360 степени“.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...