spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Контрола во туристички автобус, откриени 19 фалсификувани ПЦР тестови

МВР: Контрола во туристички автобус, откриени 19 фалсификувани ПЦР тестови

Денеска (09.10.2021) од страна на полициски службеници од СВР Куманово-Одделение за криминалистичка полиција-Отсек за економски криминалитет, извршена е контрола на автобус на туристичка агенција кој патува на релација од Република Северна Македонија кон С.Р.Германија, при што од вкупно 50 патници кои се превезувале, кај 19 од нив откриени се 19 фалсификувани ПЦР тестови. По извршени проверки на тестовите било констатирано дека станува збор за фалсификувани тестови, кои биле набавени од едно лице од Струмица, по цена од 1.000 денари по тест. По комплетно  расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...