spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeНовостиМарјан Наумовски: Инвестициските проекти од јавен интерес да се управуваат од искусни...

Марјан Наумовски: Инвестициските проекти од јавен интерес да се управуваат од искусни проект менаџери

 

 

Од сите страни постојано слушаме идеи за подобрување на квалитетот на живеење во околината во која егзистираме и тоа е сосема во ред.

 

Меѓутоа, кога ќе дојде до позиција таа идеја да се преточи во реалност , тука треба се отстапи место на проектниот менаџмент во целост.

Што значи тоа?

Со цел идејата да се преточи во фунционално и применливо добро, потребни се ефикасни проекти управувани од искусни проект менаџери.

Тоа значи максимално продуктивно користење на проектираните ресурси (време, буџет, обем на работи) со утврдени методи на проектен менаџмент (идеја,планирање,реализација, контрола, затворање)  за да се исполнат целите на проектот.

 

Постои изрека, „Инвестицијата треба да знаеш како да ја потрошиш“, што значи во најкус разумен рок, квалитетно да се реализираат сите предвидени работи до крајот на проектот и да се почувствуваат придобивките од неговата реализација.

 

Инфраструктурните проекти од јавен интерес се најголем предизвик, бидејќи оставаат трајна вредност на заедницата и мора грижливо и домаќински да се однесуваме кон нив , како и при понатамошното тековно одржување на објектите кои се во употреба. Тоа е можно исклучиво со мотивиран тим од проект менаџери, професионалци и експерти , коректни и квалитетни изведувачи, инвеститори со лидерски способности и околина која поддржува.

 

Сметам дека кога сите ќе бидеме фокусирани кон креирање и придонес во градење на општи добра, секој поединец кога дава повеќе од максимум во неговиот дел од работата, успехот е неминовен и заеднички!

 

Посакуваме успешна работа и задоволни граѓани!

 

Marjan Naumovski, MSc. Project Management

 President of APMM

 

 

 

 

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...