Во Клубот на пратеници, во организација на министерот за правда Бојан Маричиќ, вчера попладне се одржа нов состанок на Работната група за измени на Изборниот законик на кој присуствуваа претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Левица, ВМРО-Народна партија, ЛДП, Демократски Сојуз, парламентарни партии на помалку бројните етнички заедници, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Поканети беа и претставници на ДОМ и Алтернатива.
Извор: Министерство за правда