spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Инвестиции во енергетска ефикасност на училиштата

Валандово: Инвестиции во енергетска ефикасност на училиштата

Започнува реконструкција на ООУ „Страшо Пинџур“ во Јосифово и негова трансформација во енергетски ефикасен објект.

Овој градежен зафат е дел од проектот на Министерството за образование и наука, за реконструкција на средни и основни училишта и истиот има за цел да ги поддржи училиштата, во пресрет на зимскиот период и недостатокот на енергенси во Европа.

Исто така, преку општински ресурси и во соработка со Фондацијата Отворено Општество Македонија започната е изработка на проектна документација и следува поставување на фотоволтаични соларни централи на кровните конструкции на најголемите училишни објекти во општината.

На овој начин, создаваме енергетско независни образовни институции, се инвестира по приоритет и се овозможува функционален образовен процес за периодот кој претстои.

 

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...