spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedЃорче Петров: Повторно е исчистена дивата депонија на последна „4-ка“

Ѓорче Петров: Повторно е исчистена дивата депонија на последна „4-ка“

Комуналната служба на општина Ѓорче Петров во повеќе наврати интервенира на мини-депонијата која се создава кај последна „4-ка“ во Хром.

Со ова, не само што се оптоварува општината и комуналната служба, туку се гази по жителите. Тие секојдневно живеат опкружени со отпад.

Се повеќе се размислува во насока на формирање страници на социјалните мрежи, каде секое лице кое ќе биде фатено и снимено како нелегално депонира отпад и ја загадува околината, со тоа го загрозува и јавното здравје, јавно ќе биде објавено. Се прават консултации како тоа би се регулирало од правен аспект.

Апелираме до граѓаните да бидете внимателни во однос на фрлањето смет и да не алармирате за секој што ќе го затекнете како неовластено депонира на неозначени локации.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...